Асанж се жали на екстрадицијата до британскиот Врховен суд

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж поднел жалба на одлуката за негова екстрадиција во Шведска до Врховниот суд на Британија. Шведска го бара Асанж поради обвинувања за силување и сексуален напад. Тој ги отфрла обвинувањата и вели дека тие се насочени против неговата работа што се состои од објавување класифицирани документи.