Турција сака санкции против сириската влада, а не против народот

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турција сака воведување на санкции за Сирија, од кои нема да страда сирискиот народ, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во Рабат, каде учествува на форумот за турско-арапска соработка со колегите од Арапската лига. Тој оцени дека сириските власти не ја искористија последната шанса да ги прекинат репресиите против антивладините демонстранти.