Турција ја гуши слободата на говор

Генералниот секретар на Советот на Европа, Турборн Јагланд.

Турски граѓани поднеле жалби на повеќе од илјада пресуди во врска со случаи за слободата на говорот до Европскиот суд за човекови права, а бројот на новинарите кои се предмет на истрага има „замрзнувачки ефект“ врз турските медиуми, изјави генералниот секретар на Советот на Европа, Турборн Јагланд. Тој рече дека турските судии и обвинители треба да ги сменат своите гледишта за тоа што им е дозволено на новинарите да сторат и да кажат без да бидат затворени. Јагланд е во посета на Турција, каде учествува на конференција, организирана од Министерството за правда.