Претепани и уапсени десетина млади активисти во Азербејџан

Архивска фотографија: Полицијата апси демонстранти во Баку.

Претепани и уапсени се десетина млади активисти што барале слобода на јавно собирање и ослободување на политички затвореници во Баку, информира азербејџанската опозиција. Лидерот на опозициската партија Мусават, Иса Гамбар изјави дека полицијата привела десетина активисти од пред канцеларијата на градоначалникот во Баку. Организацијата за човекови права Амнести интернејшнал утре треба да го објави извештајот за слобода на изразување и граѓански слободи во Азербејџан.