Ердоган - Анкара веќе нема доверба во сирискиот режим

Архивска фотографија: Средба меѓу премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган и сирискиот претседател Башар Ал Асад во Дамаск во 2008 година.

Анкара веќе нема доверба во сирискиот режим, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој го предупреди сирискиот претседател Башар Ал Асад дека крвавото задушување на анти-владините протести се заканува да го стави на листата на лидери „што се хранат со крв“. Ердоган повика да бидат казнети сите одговорни за нападите врз турските дипломатски мисии во Сирија. Забелешките на Ердоган доаѓаат откако вчера јорданскиот крал Абдула стана првиот арапски лидер што го повика Ал Асад да се повлече.