Молдавија - нема кандидат за претседател

Молдавија веројатно ќе го одложи изборот за претседател, бидејки до крајниот рок, кој истече вчера, не бил пријавен ниеден кандидат. Претседателот на изборната комисија, Тудор Делиу, изјави за Радио Слободна Европа дека во законите не е предвидено што во случај ако нема пријавени кандидати за претседател, но оти веројатно изборот ќе биде одложен и целата постапка ќе започне од нула. Во Молдавија претседателот се избира во Парламентот, а не на непосредни избори, а земјата повеќе од две години е без претседател.