Уште 70 загинати на протестите во Сирија

Најмалку 70 цивили биле убиени во Сирија во интервенцијата на владините сили против демонстрантите, соопштија опозициони активисти. Според Обединетите Нации, над 3.500 луѓе се убиени во протестите против режимот на претседателот Башар Ал Асад, кои започна аво март годинава. Вчера јорданскиот крал Абдула го повика Асад да си поднесе оставка, што е прв ваков повик од лидер на една арапска земја.