САД бараат Башар ал Асад да си замине од власт

Башар ал Асад

Соединетите американски држави сметаат дека Сирискиот претседател Башар ал Асад станува се` поизолиран и го губи легитимитетот за владеење и треба да си замине од власт. Изјавата на портпаролот на Белата куќа Џош Ернест следи по апелот на кралот Абдула, кој беше првиот лидер на арапска нација кој му порача на Асад да се повлече од функцијата, по нападите на сиријските безбедносни сили против про-демократските демонстранти.