САД ги сметаат за нелегитимни изборите во Јужна Осетија

Соединетите Американски држави ги сметаат за нелегитимни изборите во грузискиот регион Јужна Осетија кој е под власт на сепаратисти. Портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер рече дека САД не го признаваат исходот од овие таканаречени избори и одржаниот референдум. Тонер ја реафирмираше силната подршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на меѓународно признатите граници.