Меркел: Убиствата на девет имигранти е срам за Германија

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека убиствата на девет имигранти се национален срам за Германија. Се верува дека нео-нацистичка група ги има извршено убиствата. Во изјава за медиумите Меркел рече дека полицијата верува дека десно ориентирана екстремистичка келија е одговорна за инцидентот во кој беа убиени осуммина мажи од турско потекло и еден човек со грчко потекло. Убиствата се случиле во периодот од 2000 до 2006 година.