Мали шанси за почеток на нова сезона на НБА

Се намалуваат шансите за старт на нова кошаркарска сезона во НБА, откако спортистите ја одбија последната понуда на лигата. По неуспешните преговори во понеделникот, кошаркарите најавија дека преку нивните синдикати ќе поднесат тужби против сопствениците на лигата, потег кој според медиумските извештаи би можел ефективно да ги уништи шансите за почеток на кошаркарската сезона 2011/2012 година. Спортистите ја одбија последната понуда на НБА за еднаква поделба на приходите во најпрофесионалната кошаркарска асоцијација.