Убиен потенцијален бомбаш-самоубиец во Авганистан

Големо обезбедување на местото каде што треба да се одржи Џиргата во Кабул.

Авганистанските сили убиле бомбаш-самоубиец пред да успее да го изврши нападот во близина на местото каде што неделава треба да се одржи Џирга, собрание на племенските старешини во Авганистан, соопштуваат властите. Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека убиениот носел торба со експлозив во близина на шаторот каде што треба да се одржи собранието. Џиргата треба да почне в среда во Кабул, а ќе учествуваат околу 2.000 старешини и политичари. Треба да се разговара за долгорочните односи со САД и за напорите за склучување мир со бунтовниците. Талибанците се заканија дека ќе го нападнат собирот.