Сирија - Суспензијата од Арапската лига е „опсен чекор“

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Ал Муалем.

Сирија оцени дека одлуката за нејзино суспендирање од Арапската лига е „исклучително опасен чекор“. Сирискиот министер за надворешни работи Валид Ал Муалем изјави дека одлуката е донесена со американски поттик. САД и ЕУ ја поздравија одлуката за суспензија на Сирија, но рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров оцени дека суспендирањето на членството на Сирија од Арапската лига е некоректно.