Есетрата во Дунав загрозена поради нелегална продажба на кавијар

Рибата есетра од која се добива кавијар.

Загрозениот вид риба есетра во реката Дунав е под сериозен ризик поради постојаната нелегална трговија со кавијар во која се вклучени и Бугарија и Романија, се наведува во извештајот за флора и фауна на мониторинг-мрежата ТРАФИК. Според извештајот, во земјите од Европската унија биле запленети повеќе од 50 килограми нелегален кавијар од овие земји меѓу 2000 и 2009 година, додека ни Бугарија, ни Романија не заплениле кавијар на соспствена територија. Според авторот на извештајот, се чини дека нелегалната трговија со кавијар е „значително повисока“. Ловот на заштитената есетра во Бугарија и Романија е забранет. Црното Море, по Каспиското Езеро е второ најголемо ловиште на есетра, а Дунав е од клучно значење за рибата.