Претседателот Иванов на симпозиум во Париз

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во Париз, како покровител на научниот проект посветен на патеписецот Евлија Челеби што се одржува во рамките на Алијансата меѓу цивилизациите. Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе ја отвори изложбата „Отоманскиот патописец: Евлија Челеби“ на Институтот за Арапски свет. На меѓународниот научен симпозиум ќе учествува и делегација на МАНУ, предводена од нејзиниот претседател Георги Старделов. Претседателот Иванов ќе биде покровител на проектот и на научниот симпозиум кој во април 2012 година ќе се одржи во Скопје. Шефот на македонската држава во рамките на посетата на Париз ќе има средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.