Раст на цените на акциите на азиската берза поради Италија и Грција

Цените на акциите на азиската берза забележаа пораст, поради ситуацијата со Италија и Грција, каде се формираат нови влади за излез од финансиска криза. Токискиот Никеи индекс се зголеми за еден процент, додека индексот на акциите во Хонг Конг и Јужна Кореја се за околу два проценти повисоки.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вчера побара од неговиот наследник на функцијата Марио Монти што побрзо да ја формира новата влада која ќе ја врати довербата на пазарот дека Италија може да се справи со должничката криза без да се задолжи во странство.
Новиот грчки премиер Лукас Пападемос пак денеска треба да се обрати пред Парламентот за спроведување на реформите потребни за земјата да ја добие траншата од ЕУ.