Протести во Берлин и Франкфурт против доминација на банките

Неколку илјадници луѓе протестирале денеска во германските градови Франкфурт и Берлин, против доминацијата на банкарскиот сектор.

Полицијата соопшти дека повеќе од 9.000 луѓе се собрале пред зградата на Европската централна банка во Франкфурт.

А, во Берлин демонстрантите направиле „жив синџир“околу неколку владини згради со барање владата да ги расформира големите банки и да ги спречи финансиските шпекулации. Според полицијата во тој град на протестите имало околу 8.000 луѓе. Протестите во Германија се инспирирани од њујоршкото движење „окупирај го Вол стрит“.