Турција против воена интервенција врз Иран

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска дека неговата земја е против воен напад врз Иран. Според него некоректно е да се говори за воена интервенција во регионот, бидејќи тоа би ја зголемило нестабилноста.
Израелските власти претходно предупредија дека ќе извршат напад на нуклеарните централи во Иран. Давутоглу смета дека е неприфатливо земји кои се под истиот сомнеж дека имаат нуклеарно оружје да ја зголемуваат напнатоста во регионот.