Пападимос-Грција пред себе има тежок период

Грчкиот премиер Лукас Пападимос за време на церемонијата во претседателската палата во Атина

Новиот грчки премиер Лукас Пападимос изјави дека пред себе има тежок период и треба да се справи со тешка задача. Тој ги повика членовите на новата влада на соработка и солидарност за да се работи врз ратификацијата на договорот за заем и да се применат одлуките донесени на европската средба на врвот од 27 октомври, јави АНА-МПА.
Според Пападимос во последните две години бил направен напор за намалување на дефицитот, но сега има проблем со исплаќањето на шестата транша од заемот и враќањето на довербата во земјата.