Силвио Берлускони денеска „заминува“

Италијанскиот Премиер Силвио Берлускони денеска треба да поднесе оставка откако претходно новиот закон буџет ќе биде усвоен и од долниот дом на Парламентот.

Вчера Сенатот го одобри пакетот економски мерки чија цел е спречување на банкрот на третата економска сила во Европската Унија
Финалното одобрување на економските мерки се предуслов за оставката на Премиерот Силвио Берлускони.

Тој денеска треба да ја одржи и последната седница на владата и потоа да му ја поднесе оставката на Претседателот Џорџо Наполитано.