Груевски во Лондон на економска презентација

Премиерот Никола Груевски во Лондон ги презентираше инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија пред повеќе британски инвеститори на настанот организиран од Британската бизнис група во Македонија.
Како што соопшти владиниот кабинет, Груевски посочил на традиционално добрите политички односи помеѓу Република Македонија и Велика Британија, особено изразени преку британската поддршка во рамки на ЕУ и НАТО интеграциите кои треба да придонесат и за посилно унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.
Во својата презентација Груевски истакнал дека Владата во континуитет работи на подобрување на бизнис климата и води стабилна макроекономска политика.