Италија и Грција со чекори за олеснување на кризата

Рим - Сенат

Италијанскиот Сенат го одобри пакетот економски мерки чија цел е спречување на банкрот на третата економска сила во Европската Унија што преставува закана и за нова регионална рецесија.
Сега планот треба да го усвои и долниот дом на Парламентот. Финалното одобрување на економските мерки се предуслов за оставката на Премиерот Силвио Берлускони.
Во меѓувреме како на позитивна вест за Еврозоната се гледа и изборот на новиот грчки премиер Лукас Пападемос кој дојде на чело на новата влада на национално единство со задача да ги истурка тешките реформи како услов за клучната финансиска помош од Европската Унија.