Клинтон побара од Иран брз одговор за нуклеарниот извештај

U.S. -- Secretary of State Hillary Clinton delivers remarks on "America's Pacific Century" at APEC Leaders Week in Honolulu, Hawaii, 10Nov2011

Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон го повика Иран во рок од неколку дена да одговори на новите обвиненија на Агенцијата за Атомска Енергија на Обединетите Нации дека Иран има прогрес кон изработка на нуклеарно оружје.
Клинтон зборувајки на Азиско – Пацифичкиот самит во Хонолулу – Хаваи изјави дека Вашингтон се консултира со сојузниците за мерките за притисок против Техеран.
Иран, кој го отрфли извештајот на Агенцијата, засега не понуди одговор на обвинувањата за изработка на нуклеарно оружје.
Во Хонолулу инаки денеска треба да пристигне и американскиот Претседател Барак Обама кој ќе преседава со Азиско - Пацифичкиот самит.