Турските сили го ослободија заробениот Фери брод

Измир - архива

Турски командоси нападнале фери брод кој бил киднапиран од ,најверојатно милитант на Курдската работничка партија, и го убиле киднаперот.
Официјално е соопштено дека сите 18 патници и членови на екипажот се неповредени.
Фери бродот Картепе бил нападнат од милитант синоќа откако испловил од Измир.
Курдската Работничка партија која се бори за автономија на курдите на југоистокот на Турција ги засили нападите во последно време што предизвика и засилени воени акциии на копно и од воздух на турските сили за безбедност.