Палестинското барање проследено до СБ на ОН

Советот за безбедност на ОН

Палестинското барање за прием во полноправно членство во Обединетите нации денеска е упатено до Советот за безбедност откако Комитетот за прием го одобри извештајот и покрај неусогалсениот став на 15 членки на Советот. За да биде поддржано барањето потребни се девет гласови кои, според новинските агенции, палестинците во овој момент ги немаат. Важен услов за прифаќање на барањето е ниту една од постојаните пет членки да не вложи вето. Меѓутоа, Соединетите држави веќе најавија дека ќе го сторат тоа.