Лимај се изјасни за невин пред судот во Приштина

Фатмир Лимај

Фатмир Лимај, поранешен командант на Косовската ослободителна армија, кому во Приштина му се суди за воени злосторства за време на конфликтот на Косово, денеска се изјасни за невин. На чело на судскиот совет е британскиот судија Џонатан Керол, а доколку биде докажано дека Лимај ги сторил делата за кои е осомничен, би можел да добие казна затвор од 40 години. Ова е прв случај на судски процес за воени злосторства за време на војната на Косово, што се одржува во Приштина.