САД бараат да се направи повеќе за излез од кризата

Тимоти Гајтнер

Соединетите држави бараат од европските и азиските лидери да направат повеќе за обнова на економскиот развој во светот и да спречат должичкта криза во еврозоната да излезе од контрола. Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека Европа мора да излезе со силен план, но и тоа дека азиските земји се во подобра позиција да преземат чекори за поттикнување на развојот.