Погрешен извештај за лош кредитен рејтинг на Франција

Агенцијата Стандард и пурс соопшти дека по грешка испратила порака до некои нејзини членови во која се наведува дека бил намален кредитниот рејтинг на Франција поради загриженоста од европската должничка криза. Стандард и пурс додава дека рејтингот на Франција останува на највисокото ниво, односно тројно А. Француското министерство за финансии веднаш побара да биде истражено како дошло до грешката.