Додик со обвинувања против Инцко

Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик испрати писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации во кое го обвини високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко дека продолжува со, како што се наведува, паушалните и неаргументирани обвинувања дека Република Српска постапува спротивно од Дејтонскиот договор. Додик смета дека било крајно време Инцко да престане да се меша во дневнополитичките теми. Тој го обвинува Инцко за пристрасност.