Израелски војници по грешка убиле еврејски доселеник

Израелски војници убиле еврејски доселеник во окупираниот Западен Брег, бидејќи, како што изјавиле, мислеле дека станува збор за палестински милитант. Претставник на израелската војска соопшти дека војниците отвриле оган врз едно возило кај Хеброн кое се движело со голема брзина и на сомнителен начин. Во инцидентот имало и двајца повредени кои изјавиле дека брзале на утринска молитва во Хеброн.