Грција и Италија се зафаќаат со реформи, САД ги поздравуваат напорите

Новоименуваниот премиер на Грција Лукас Пападемос денеска во Атина треба да го објави составот на новата влада на национално единство, по што членовите ќе положат заклетва.
Италијанските законодавци денеска започнуваат со гласање на серија мерки за штедење за да се избегне долничката криза и новата рецесија која и се заканува на Европа.
Најпрвин италијанските сенатори треба да разгледаат пакет мерки на реформи. Ако ги одобрат, следнито чекор е мерките да се одобрат и од долниот дом на Парламентот.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го поздрави предлогот поранешниот банкар Лукас Пападимос да биде премиер на Грција и го прифаќа како доказ за консензус во корист на реформите.
Американскиот претседател Барак Обама во телефонскиот разговор со претседателот на Италија Џорџо Наполитано, изразил доверба дека под раководство на Наполитано привремената Владата може да спроведе силни реформи и да ја поврати довербата во пазарот, по оставката на премиерот Силвио Берлускони.

Американските власти ги повикаа лидерите на Европа и на Азија да стори повеќе за да се врати глобалниот економски раст и да се спречи должничката криза во Европа да не излезе од контрола.
Американскиот секретар за финансии Тим Гајтнер вели дека Европа мора да изнајде „силен план“, а азиско-пацифичките земји кои се во подобра позиција за разлика од повеќе земји „ да преземат чекори за зајакнување на растот.“