САД-осудени војници кои убивале цивили во Авганистан

Американски војници во Авганистан

Воениот суд во САД осуди еден американски наредник кој ги поттикнувал своите војници да извршат злостроства врз тројца авганистански цивили. Американскиот наредник е осуден за убиство, заговор и други злодела. Наредникот Калвин Гибс се соочува со казна доживотен затвор.
Тој и уште четворица војници се обвинети за убиство на невооружани мажи во Авганситан. Злоделата тие ги направиле додека патролирале во провинцијата Кандахар на почетокот на минатата година.
Наредникот за време на судењето признал дека им ги сечел прстите на жртвите за да си ги сочува како трофеи од војната, но инсистирал на тврдењата дкеа не бил вклучен во убиството на двајца од жртвите.