Палестина без препорака за членство во ОН

Палестинскиот лидер Махмуд Абас во септември побара членство во ОН.

Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи состанок на кој ќе се разговара за Извештајот на приемната комисијата во кој се наведува дека не е во можност да препорача членство на Палестина во ОН.

Заклучокот од страна на Комитетот за прием на нови членови
беше постигнат по неколку состаноци зад затворени врати. Палестинскиот лидер Махмуд Абас во септември побара членство во ОН.

Палестинските официјални власти претходно оваа недела признаа дека не можат да ги собере потребните девет гласа од 15 членки на Советот за безбедност.

Франција и Велика Британија јавно изјави дека ќе се воздржат од гласање. САД се закани дека ќе стави вето, а Германија, Босна, Колумбија и Португалија најверојатно исто така ќе се воздржат. Останатите членки на ОН кои ќе гласаа за палестинско членство се Русија, Кина, Индија, Либан и Бразил. Досега Нигерија и Габон не се изјаснија како би гласале.