Осудени тројца босански радикални исламисти

Православна црква во Сараево.

Судот во Босна осуди тројца радикални исламисти на казни до 4,5 години за планирање напади во оваа балканска земја во 2007 и во 2008 година. Тројцата, предводени од Ријад Рустемпашиќ, се прогласени за виновни за планирање напади врз православните Срби и Хрватите-католици за време на нивните верски празници, како и врз мировните сили на ЕУ, ЕУФОР.