Попоски - Паралелни преговори со ЕУ и со Грција за името

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се надева дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, а спорот за името со Грција ќе го решава паралелно со преговорите. Тој надежите ги темели врз тоа што досегашните аргументи на Грција за блокирање на членството на Македонија заради побрзо решавање на билатералниот спор веќе се покажале како неиздржани, и тоа што Македонија трет пат ја добива препораката, што како што оцени, е потврда за напорите што ги прави, како во областа на макроекономската полтика, политичката стабилност и придонесот во развојот на позитивна клима во регионот.
Поповски смета дека постои и можност новата грчка влада на национално единство во која се вклучени и власта и опозицијата, да прифати процесот да се одблокира.