Нападната владина зграда во Авганистан

Провинцијата Пактика во Авганистан.

Најмалку еден полицаец бил убиен во напад врз владина зграда во провинцијата Пактика, информираат авганистански владини претставници. Бомбаш-самоубиец со возило полно со експлозив се разнел пред капијата на канцеларијата на локалниот гувернер, а потоа група милитанти, меѓу кои веројатно имало и бомбаши-самоубијци, се обиделе да влезат во објектот. Гувернерот во тој момент разговарал со локални старешини за стратегијата за постигнување траен мир во земјата.