Средба меѓу премиерите на Индија и Пакистан

Премиерите на Пакистан и на Индија, Јусуф Раза Гилани и Манмохан Синг се сретнаа на маргините на регионален Самит на Малдивите.

Потребно е да се отвори „ново поглавје во односите меѓу Индија и Пакистан“, оценија премиерите на двете земји, Манмохан Синг и Јусуф Раза Гилани, кои се сретнаа на маргините на регионалниот самит. На средбата се гледа како на знак за подобрување на меѓусебните односи. Индија и Пакистан војуваа три пати од кога се независни држави од 1947 година.