ЕК - На евро-зоната и се заканува рецесија

Евро и драхма.

Европската комисија ги предупреди земјите од евро-зоната дека догодина може да се соочат со рецесија, откако должничката криза ја зафати и Италија, третата по големина економија во евро-зоната. Британскиот премиер Дејвид Камерон, чија земја не е дел од евро-зоната, изјави дека проблемите со долгот на Италија „се јасна и присутна опасност“ за заедничката европска валута. Директорката на ММФ Кристин Легард побара појасна политика од Италија и од Грција. Во меѓувреме, италијанските медиуми објавија дека поранешниот еврокомесар Марио Монти е фаворит за нов премиер на Италија, откако Силвио Берлускони најави дека ќе поднесе оставка веднаш штом парламентот ги донесе строгите мерки за штедење.