Русија ќе влезе во СТО за еден месец

Генералниот директор на Светската трговска организација Паскал Лами во разговор со рускиот претседател Дмитриј Медведев на Самитот на Г-20 во Кан на 3 ноември 2011 година.

Русија ќе стане членка на Светската трговска организација на министерскиот самит од 15 до 17 декември, информира генералниот директор на организацијата Паскал Лами. Русија аплицираше за членство во 1993 година, но не можеше да се зачлени поради противењето од Грузија. Минатата недела, преговарачките тимови од Москва и од Тбилиси се договорија да има меѓународен мониторинг на трговијата меѓу Русија и оцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија, по што Грузија се согласи на членство на Русија во СТО.