Али Хамнеи - Нападот врз Иран ќе биде пречекан со „железни тупаници“

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи.

Секоја воена акција на САД и на Израел за уништување на иранските нуклеарни капацитети ќе биде пречекана со „железни тупаници“, изјави иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи. Реакцијата на ајатолахот доаѓа два дена откако Меѓународната агенција за атомска енегрија го објави извештајот, според кој има индиции дека Иран врши тестирања битни за изработка на нуклеарно оружје. Иран инсистира дека нуклеарната програма е мирнодопска и оти не се обидува да направи атомска бомба. Израел и САД не ја исклучуваат можноста за воен напад врз иранските нуклеарни постројки.