ЕУ со предлози за царината меѓу Косово и Србија

Европската унија на Белград, Приштина и ЕУЛЕКС им испрати варијанти за можни решенија за „заеднички надзор“ на царинските гранични терминали меѓу Косово и Србија како клуч за продолжување на дијалогот Белград-Приштина и обезбедување на слободата на движење,
Според европски дипломатски извори, на кои се повикуваат медиуми во Србија, една од варијантите се темели врз предлогот na српската делегација на царинските терминали да има претставници на ЕУЛЕКС, Приштина и Белград, но тие да се придржуваат кон моделот за царински режим од времето на УНМИК, што значи неутралност во однос на статусот на Косово.