САД обвинија 7 хакери за комјпутерски криминал

Aмериканските власти обвинија 7 луѓе од Естонија и Русија за ширење софтвер кој погодил милиони компјутери во светот.
Федералниот суд во Менхетен објави дека тие креирале лажни компании кои се договарале со легитимен рекламен сајт за да привлечат посетители на нивните интернет страници.
Над 4 милиони компјутери во 100 земји биле погодени, а од кликовите на нивните сајтови, 7 те обвинети заработиле 14 милиони долари.