Собранието продолжува со расправа по Законот за пратеници

Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата по Предлог законот за дополнување на Законот за пратеници поднесен од опозицијата.
Се предлага членот 2 од постоечкиот закон да се дополни со став 3 кој гласи: „Извршувањето на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија не смее да биде ограничено со материјална или финансиска гаранција кон политичката партија или коалицијата од чија кандидатска листа е избран пратеникот".
Во вчерашната расправа пратениците од опозицијата истакнаа дека е важно да се прифати предлогот за да се врати самостојноста во одлучувањето на пратениците и да се смени перцепцијата кај народот дека пратениците не одлучуваат самостојно, туку се нечии партиски послушници. За парламентарното мнозинство, предложениот закон е бесмислен, непотребен и е резултат на дневно-политичките потреби на опозицијата.