Продолжува судскиот процес против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер.

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска повторно треба да се изјасни пред Жупанискиот суд за обвинението за воено профитерство и земање 10 милиони евра мито од унгарскиот Мол, со што на таа нафтена компанија тој би и ги препуштил управувачките права во Ина.Постапката формално почнува од почеток со читање на обвинението и изјаснување за вината.Санадер на почетокот на судењето ја отфрли вината.