Велешани протестираа против рестартирањето на Топилницата

топилница

Велешани синоќа предводени од „Зелената коалиција“ масовно излегоа на протест против рестартирањето на Топилницата. Протестот под мотото „Против геноцидната идеја“ и „Никогаш повеќе Топилница“ почна на плоштадот „Сармаале“.На протестот присуствуваа претставници од локалната власт, невладини организации, МПЦ, ИВЗ и бизнисмени.Од плоштадот протестната поворка се упати до портите на Топилницата, каде им ја пренесоа пораката на новите сопственици на фирмата „Метрудхем“ дека Никогаш повеќе нема да има Топилница во Велес“.