Дванаесетмина убиени во Сирија

Протести во Хомс.

Владините сили убиле 12 цивили во Сирија, соопштуваат активисти за човекови права. Шестмина луѓе биле убиени во градот Хама, тројца во провинцијата Хомс, двајца во провинцијата Дара’а, а еден во главниот град Дамаск. Во меѓувреме, група сириски опозиционери беа нападнати пред седиштето на Арапската лига во Каиро каде што сириска опозициска делегација требаше да се сретне со шефот на организацијата. Демонстрантите што ги нападнаа сириските опозиционери рекоа дека тие не го претставуваат сирискиот народ, туку дека му се лојални на претседателот Башар Ал Асад. ОН проценуваат дека од почетокот на немирите во Сирија во март годинава биле убиени повеќе од 3.500 луѓе.