Папандреу ќе му го врати премиерскиот мандат на Папуљас

Ќе биде потребна божја помош за излез од грчката криза.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнево се среќава со претседателот Каролос Папуљас, како дел од напорите да се формира влада на национално единство. Според соопштението од претседателскиот кабинет, се очекува Папандреу да го врати мандатот за формирање влада, откако тој веќе побара неговите министри да поднесат оставки за да го забрзаат целиот процес. Германската новинска агенција ДПА го цитираше Папуљас кој рекол дека е постигнат договор за нова влада, но не даде други детали.

Владата на национално единство треба да осигура Грција да ја добие помошта од 130 милијарди евра од европскиот план за спас и да спречи банкрот на земјата.