Грузија ја пушти Русија во СТО

Georgia -- Map with Abkhazia and South Ossetia in Tatar (Abxazia, Osetia, Gruzia) , updated 2008

Русија и Грузија потпишаа билатерален договор со кој се деблокираат обидите на Русија да влезе во Светската трговска организација. Грузија беше единствена членка што се противеше на зачленувањето на Русија во СТО.

Договорот, што беше потпишан во седиштето на СТО во Женева со швајцарско посредништво, предвидува независна компанија да ги спроведува царинските контроли на трговијата меѓу Русија и двата отцепени грузиски региони, Абхазија и Јужна Осетија. По потпишувањето на договорот, се очекува Русија да се приклучи на Светската трговска организација во декември.

Русија и Грузија кратко војуваа за регионот Јужна Осетија во 2008 година, а Русија тогаш ги призна двата отцепени региони како независни држави.