Профитот на Газпром зголемен за 56 насто

Руската компанија за гас, Газпром соопшти дека нето профитот за првата половина од оваа година се зголемил за 56 насто, или над 25 милијарди долари, прес се поради повисоките цени и зголемената продажба. Според Газпром, продажбата на гас во Европа се зголемила за 42 насто, а во земјите од поранешниот Советски Сојуз за 76 насто. Руската влада ја има контролата врз Газпром.