Белата куќа - Не сме контактирале со вонземјани

Американската влада нема докази дека надвор од нашата планета постои живот.

Американската влада и официјално демантираше дека знае за каков било контакт со вонземјански форми на живот. Советникот за вселенска политика во Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, Фил Ларсон во писмената изјава вели дека „Американската влада нема докази дека надвор од нашата планета постои живот или дека вонземјани дошле на земјата и контактирале со човечко суштество“.

До соопштението доаѓа како одговор на две петиции на кои се потпишаа повеќе од 17 илјади луѓе, кои ја повикуваат владата да ги открие сознанијата за вонземски суштества и контактите со нив.